13-14/10/2014 Советување „Финансиски истраги“

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 428 пати
Датум на објава: 12/10/2014

 

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во рамките на потпишаниот Меморандум за соработка со Амбасадата на Република Франција во Република Македонија и Државната правосудна академија на Република Франција (ЕНМ), организира советување на тема „Финансиски истраги“ коешто ќе се одржи на 13 и 14 октомври  (понеделник и вторник) 2014 година, со почеток во 10:00 часот, во просториите на Академијата.

 

Целта на советувањето е да се разменат компаративни искуства во врска со односите меѓу јавните обвинители и полицијата, мерките за запленување имот, користење на посебните истражни мерки, финансискиот криминал, перење пари и односите со организираните криминални групи пришто експертите од Република Франција: г. Régis Pierre, заменик претседател за спроведување на меѓурегионална правда сепцијализран за градот Нанси и регионот и г. Aurelien Letocard, судија на Оддел за борба против организиран криминал, тероризам и перење на пари при Министерството за правда на Република Франција  низ практични примери ќе ги презентираат искуствата на Република Франција.

 

Советувањето е наменето за кривични судии и јавни обвинители од сите апелациони подрачја, претставници на релевантни институции.

 

Со поздравно обраќање до присутните советувањето ќе го отворат Н.Е. Лоранс Оер, амбасадор на Република Франција во Република Македонија и г-ѓа Анета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете ТУКА.

 


Извор: Академија за судии и јавни обвинители