20-21/10/2014 Работилница „Заштита на сведоци“

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 631 пати
Датум на објава: 17/10/2014

 

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка со ЕУ проектот за заштита на сведоци во борбата против организираниот криминал и корупцијата (WINPRO II) финансиран со ИПА 2012 Повеќе-корисничката програма, организира дводневна работилница на тема:

 

„Заштита на сведоци“

 

која ќе се одржи на 20-21 октомври во хотел TCC Плаза, во центарот на Скопје. Работилницата е наменета за судии од кривичните оддели и јавни обвинители од сите инстанци,  како и за претставници од Одделение за заштита на сведоци при Министерството за внатрешни работи.

 

Воведно обраќање на работилницата ќе имаат: г-ѓа Aнета Арнаудовска, директор на Академијата за судии и обвинители, г-ѓа Гордана Ѓешкоска, јавен Обвинител на Основно јавно обвинителство Скопје и  г. Џо Флеминг претставник на WINPRO Проектот.

 

Агендата согласно која ќе се одвива Работилницата можете да ја преземете ТУКА

 


Извор: Академија за судии и јавни обвинители