Кинеската помош за Русија ќе удри по западниот финансиски систем

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 463 пати
Датум на објава: 29/12/2014

 

 

Намерата на Кина да ѝ помогне на Русија да ги реши економските тешкотии Пекинг ја огласи по обезбедувањето помош за Венецуела и Аргентина, и тоа значи смрт за Бретонвудскиот систем кој постои од времето на Втората светска војна, пишува The Chicago Tribune, повикувајќи се на мислењето на токискиот колумнист за Блумберг Вилијам Песек.

 

 

Ова однесување на Кина означува неутрализирање на улогата на САД како главна потпора на финансискиот систем во светот, како и ослабување на влијанието на Јапонија во Азија. Азиската банка за инфраструктурни инвестиции, создадена есенва од дваесеттина држави на чело со Кина, може да се смета за „убиец“ на Азиската банка за развој, во која клучна улога игра Токио. Освен тоа, оваа банка претставува опасност за Светскиот монетарен фонд и Светската банка, се кажува во статијата.

 

Како што смета Вилијам Песек, Кина има поддршка од голем број држави, а со тоа сака да добие одредено геополитичко влијание преку помошта која ја дава на државите кои не се согласни со политиката на САД и нивните сојузници. Договорите за помош на Венецуела и Аргентина, како и договорот за валутни рамени со Русија - сведочат дека Кина е подготвена да даде средства во замена за дипломатски сојузи, смета авторот.

 

Во случај кризата во еврозоната да се влоши во 2015 година, Кина може да смета дека европските лидери ќе ја намалат острината на својата реторика кон Кина, а во случај на дополнителни проблеми во светската економија, сите азиски држави ќе бидат приморани да бараат помош од Кина, додава Вилијам Песек.