Дали Украина се соочува со капитулација?

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 326 пати
Датум на објава: 02/02/2015

 

Властите во Киев вчера соопштија дека најмалку 13 војници и седум цивили се убиени за само 24 часа, еден ден по неуспехот на мировните преговори. Бројот на жртвите се зголеми во песледните две недели откако бунтовниците започнаа нова офанзива. Надежите за деескалација исчезнаа во саботата кога претставниците на Киев и на бунтовниците се обвинија за саботирање на преговорите.

 

Состанокот кој се одржа во Минск, на кој освен претставниците на Киев и Донбас, учествуваа и претставниците на Москва и ОБСЕ, заврши без нови договори. Состанокот беше одржан зад затворени врати и траеше повеќе од три часа, пренесува „Русија денес“. Леонид Кучма, кој ја претставува Украина го напуштил состанокот обвинувајќи ја другата страна за ултиматуми и саботирање на преговорите. Слични изјави биле дадени и од претставниците на бунтовниците.

 

Српските медиуми пренесуваат снимка од Србите што учествувале во судирите во Украина на која се гледаат неколку мажи во униформа стационирани во близина на аеродромот на Донецк, а едниот од нив на српски јазик порачал дека е потребна итна слобода на сите православни земји.

 

На социјалните мрежи се појави фотографија на која, наводно, доброволци од украинската војска држат фотографија од Адолф Хитлер.

 

Се поставува прашањето, дали Украина после овој чин се наоѓа пред капитулација?