ДОГОВОР ЗА ДЕЛО – Поим и белези

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 1975 пати
Датум на објава: 06/02/2015

 

Поим на договорот за дело

               

Договорот за дело е таков договор, со кој едната страна (делувач, изведувач, претприемач) се обврзува да изврши одредена работа за другата страна (порачувач), а порачувачот се обврзува на делувачот да му плати награда за извршената работа.

 

Како облигационо – правен договор, договорот за дело е непосредна правна надградба над размената на стоковните услуги за пари како економски однос, а тоа значи над купопродажбата на стоковните услуги на економската категорија. Тој економски однос, односна таа економска категорија, што постои во секое општество со стоковно парични односи, правно е уредена токму со договорот за дело.

 

Како облигационо – правен договор, договорот за дело му е сличен на договорот за купопродажба по тоа што и кај едниот и кај другиот договор нешто се купува и продава, а тоа значи – нешто се разменува за пари. Но додека кај договорот за дело тоа што се купува и продава е определено човековото дејствие, материјализирано во работата што делувачот ја врши за порачувачот.

 

Карактеристики на договорот за дело

 

Договорот за дело е консензуален, неформален, двострано – обврзувачки, товарен, комутативен и каузален договор. Тој исто така е договор врз основа на кој се вршат одредени работи што по својата економска природа се стоковни услуги зашто се разменуваат за пари.

 

Консензуалниот карактер на договорот за дело можеше да се види уште при одредувањето на неговиот поим, а тоа значи уште при неговото дефинирање. Тој е консензуален зашто е склучен во моментот на постигнувањето на согласноста на волјите на порачувачот и делувачот за елементите на тој договор.

 

Со оглед на тоа што согласноста на волјите на порачувачот и делувачот може да биде постигната  во било која форма, договорот за дело е неформален договор.

 

Од договорот за дело, како што тоа ќе се види и од излагањето за неговата содржина, произлегуваат и права и обврски и за порачувачот о за делувачот. Поради тоа тој е двострано – обврзувачки договор.

 

Поради тоа што врз основа на договорот за извршената работа се дава надоместување во пари, договорот за дело е товарен договор.  Договорот за дело е комутативен договор зашто кај него се точно познати и проближно еквивалентни престациите на двете страни, па со тоа и нивните права и обврски.

 

Договорот за дело е каузален договор зашто врз основа на него порачувачот и делувачот остваруваат одредени цели. Целта на порачувачот е за надоместување во пари да му биде извршена договорената работа. Целта на делувачот пак е работата да ја изврши за таквото надоместување во пари.

 

И на крајот, договорот за дело е договор што е основ за вршење на одредени работи(услуги) за одредени надоместување во пари. Како таков, како што веќе беше истакнато тој е правен инструмент за промет на стоковните услуги.

 

Страни на договорот за дело

               

Од досегашното излагање можеше да се види дека со оглед на неговите страни договорот за дело е двостран договор. Страни на тој договор се порачувачот и делувачот. Притоа, порачувач и делувач може да биде и физичко и правно лице.

 

Физичкото лице може да биде  порачувач во рамките на својата гражанско – правна способност, како и да го склучи договорот за дело во границите на својата општа и посебна деловна способност. Со одбрение на својот законски застапник, физичкото лице може да склучи полноважен договор за дело и во границите на својата деловна способност. Наместо деловно неспособното физичко лице, пак во негови име и за негова сметка, договорот на дело, може да го склучи неговиот законски застапник. Во рамките на наведените способности физичкото лице исто така може да биде и делувач. Меѓутоа за склучување на одредени видови на договорот за дело, врз основа на кои физичкото лице во вид на дозволена деловна дејност врши одредени работи во својство на делувач, тоа треба да има посебна граѓанско – правна и посебна деловна способност на полнолетно физичко лице. Таква способност има, на пример физичко лице кое врши занаетчиска дејност врз основа на одобрување од надлежен државен орган.

 

Правното лице може да биде страна на договорот за дело било во својство на порачувач било во својство на делувач во границите на неговата посебна граѓанско – правна и посебна деловна способност.

 

Предмет на договорот за дело

 

Предмет на договорот за дело е некое дејствие насочено кон изработка или поправка на некоја ствар или кон извршување на друга работа. Таа друга работа може да биде од физичка природа(на пример, потстрижување што го врши берберот врз основа на договорот за дело), од интелектуална природа( на пример, изработка на проект од страна на проектант врз основа на договор за дело), од уметничка природа(на пример, изработка на портрет врз основа на договор за дело) или од друга соодветна природа.

 

Тоа значи дека предмет на договорот за дело е некое дејствие што се материјализира во некоја од наведените рботи. Тоа дејствие треба да ги има сите оние карактеристики, што треба да ги има дејствието(престацијата) како објект на облигационо – правните односи.

 

Како предмет на договорот за дело е изработка на некоја ствар, таа обично се изработува од материјал што го дава порачувачот. Но, може да се случи таа ствар да биде изработена од материјал на делувачот. Во тој случај се поставува прашањето дали се работи за договор за дело или за некој друг договор. На тоа прашање се дава одговор во таа смисла, што во тој случај ќе се смета дека се работи за договор за дело, ако стварта е изработена од материјал што во неговиот битен дел го дал порачувачот, а во останатиот дел делувачот.

 

Но ако делувачот стварта ја изработил од овој материјал, ќе се смета дека се работи за договор за купопродажба, а не за договор за дело. По исклучок, и во овој случај ќе се работи за договор за дело, без оглед на тоа што сиот материјал го дал делувачот, ако при склучувањето на тој договор пред се била земена предвид работата на делувачот.

 

Така на пример кога врз основа на договор за дело врз свое платно и свои бои ликовниот уметник како делувач се обврзал да изработи  портрет на порачувачот, ќе се работи  за договор за дело врз свое платно и со свои бои ликовниот уметник како делувалч се обврзал да изработи портрет на порачувачот, ќе се работи за договор за дело, а не за купопродажба, зашто била земена предвид пред се работата на уметникот делувач.

 

Кога делувачот го дал сиот материјал или дел од материјалот, тој треба да го има договорениот квалитет. Ако квалитетот не е договорен, тогаш материјалот треба да биде од среден квалитет. Притоа делувачот му одговара на порачувачот за квалитетот на материјалот  според правилата што важат за одговорноста на продавачот за квалитетот на предметот на договорот за купопродажба.

 

И на крајот, кога целиот материјал или дел од него дал делувачот, ова доведува до тоа кога се работи за договор за дело тој да биде комбиниран со договор за купопродажба – тој да биде комбиниран со договор за дело.

 

Награда

 

Наградата претставува надоместување во пари, што порачувачот и делувачот спогодбено го утврдуваат. Но таа може да биде определена со тарифа или со некој друг акт. Во тој случај, на секој договор за дело, во зависнот од видот на услугата се применува соодветна ставка од тарифата или  од другиот акт за висината на наградата.

 

Но ако наградата не е определена со договорот за дело или тарифа или некој друг акт, во случај спор неа ќе ја утврди судот според вредноста на трудот, нормално потребно време за таквата работа и според вообичаената награда што се дава за таквиот вид работа.

 

Може да се случи наградата да е договорена врз основа на пресметка со изречно гарантирање од страна на делувачот за точноста на таа пресметка. Во тој случај се плаќа така утврдената награда дури и тогаш кога делувачот во работата вложил повеќе труд или извршувањето на работата барало поголеми трошоци од оние утврдени во пресметката. Тоа значи дека делувачот од наведените причини не може да бара зголемување на наградата.

 

Меѓутоа ако до вложувањето повеќе труд или до зголемувањето на трошоите дошло поради променети околности во тој случај односите помеѓу порачувачот и делувачот се уредуваат според правилата што се однесуваат на влијанието на променетите околности врз договорите.