ELSA Balkan Summit 2015

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 938 пати
Датум на објава: 17/02/2015

 

ЕЛСА Македонија со задоволство не известува за првиот ЕЛСА Балкански самит кој ќе се одржи во Солун. Можноста за стекнување нови знаења и дружење со колегите од земјава и странство овојпат е во облик на Студиска посета. 

 

„Во соработка со ЕЛСА Солун, Студиската посета ќе се одржи во периодот од 27.02-01.03.2015, во Солун. Воедно, ваква покана е испратена и до ЕЛСА Албанија, ЕЛСА Бугарија, ЕЛСА Босна и Херцеговина, ЕЛСА Хрватска, ЕЛСА Србија, ЕЛСА Словенија и ЕЛСА Романија. Поради големиот број на земји-учеснички и големиот интерес, бројот на претставници од секоја држава е ограничен на 5.

 

Ве повикувам да се пријавите, при што крајниот рок за пријавување е 20 фебруари. Доколку бројот на пријавени го надминува планираниот број на учесници, што е сосема очекувано, ќе биде направена селекција врз основа на тоа колку секој од пријавените е активен во рамките на ЕЛСА РМ како член.

 

Не ја пропуштајте одличната можност за дружење, шетање, стекнување нови знаења, искуства и познанства во еден од најатрактивни градови на Балканот. Планирана е и шопинг тура и забава во ноќните клубови.

 

Повеќе детали набрзо. Превозот ќе биде договорен во зависност од бројот на пријавени. Во опција е превоз со автомобил.

 

Не двоуми се и пријави се на vpsc@elsa.mk до 20.02.2015 г.“