04/03/2015 Дискусија за студенти „Патот до правничка кариера“

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 533 пати
Датум на објава: 27/02/2015

 


ЕЛСА Македонија, со поддршка на УСАИД Проектот за јакнење на судството, организира дискусија на тема „Патот до правничка кариера“ која ќе се одржи на 4-ти март, среда, со почеток во 16:00 часот, на Правен факултет „Јустинијан први“ Скопје

 

„Воочувајќи го реалниот проблем со кој секој студент се соочува за време на своите студии, а посебно по завршувањето на истите во поглед на недостатокот од сознанија „како сето тоа што го учел изгледа во пракса“, која правничка професија да ја избере и како да изгради успешна кариера, со поддршка на УСАИД Проектот за јакнење на судството, успеавме да организираме дискусија со докажани практичари од различните „страни“ во правната пракса кои ќе се потрудат да одговорат на сите ваши недоумици и ви ги пренесат своите искуства.“

 

Гости на настанот ќе бидат:
 

  • Претседателот на Апелационен суд во Штип -судија Стојанче Рибарев
  • Јавен обвинител во Основно јавно обвинителство во Скопје -Гаврил Бубевски
  • Адвокат Кирил Колемишевски - адвокатска канцеларија Колемишевски и партнери

 

 

Гостите ќе имаат свои излагања на темата, а потоа ќе можете да им ги поставите сите ваши прашања. По завршувањето на дискусијата ќе има и коктел.

Сите заинтересирани да се пријават на treasurer@elsa.mk до 3-ти март. Бројот на учесници ќе биде ограничен.