Каков закон изгласа словенечкиот Парламент?!

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 582 пати
Датум на објава: 04/03/2015

 

Во словенечкиот Парламент со 51 глас за и 28 против, изгласан е Законот за исто-полови бракови со што целосно се изедначни со хетеросексуалните бракови. Бракот ќе се склопува пред матичар. Покрај тоа што е дозволено меѓусебно наследување на партнерите, тие добија и можност за посвојување на деца.

 

Против ова законско решение гласаа претставниците на демократската партија Нова Словенија и партијата на Јанез Јанша. Пред гласањето во Парламентот, против се изјаснија и трите најголеми верски заедници, Католичката, Српската Православна Црква и Исламската верска заедница. Имаше и протести пред собранието.

 

Словенија стана 21-та земја во светот која одобрува еднакви права на брак за сите свои граѓани. Аргентина, Белгија, Бразил, Канада, Данска, Франција, Исланд, Луксембург, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Португалија, Јужна Африка, Шкотска, Шпанија, Шведска, Уругвај, како и Англија и Велс во Велика Британија, имаат закони со кои истополовите бракови веќе се стапени во сила.

 

Дополнително, Финска се очекува годинава да одобри целосни права за стапување во брак на своите ЛГБТ граѓани во наредната година