Тони Блер: Има „елементи на вистина“ во ставот дека инвазијата на Ирак е поврзана со појавата на ИД

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 592 пати
Датум на објава: 26/10/2015

 

 

Поранешниот британски премиер Тони Блер денес на американската ТВ Си-Ен-Ен се извини поради војната во Ирак признавајќи дека носи одредена одговорност во појавата на организацијата Исламска држава.

 

Тој изјави:

 

“Можам да ви го пренесам моето извинување поради погрешните информации што ги добивме од тајните служби”, рече Блер. Но додаде дека му е тешко да се извини поради остранувањето на Садам Хусеин: “И денес во 2015 година сметам дека е подобро што тој повеќе не е тука”.
“Се извинувам поради некои грешки направени во планирањето и нашите грешки во анализата на тоа што ќе се случи кога режимот ќе падне”, додаде тој признавајќи дека има “елементи на вистина” во тврдењата дека инвазијата на Ирак во 2003 година е една од главните причини за појавата на организацијата Исламска држава.
“Се разбира не може да се тврди дека оние кои го турнаа Садам Хусеин во 2003 година не носат никаква одговорност за ситуацијата во 2015 година”, призна Блер подвлекувајќи дека има големо влијание и Арапската пролет во фактот што оваа терористичка организација почна да дејствува во Сирија а не во Ирак.