Меркел: Постои опасност од конфликт на Балканот заради мигрантите

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 382 пати
Датум на објава: 03/11/2015

 

Германскиот канцелар Ангела Меркел предупреди на опасност од вооружени судири на Балканот, низ кои минуваат транзитните маршрути на бегалците ако се побара Германија да ја затвори границата со Австрија.

 

– На Западен Балкан веќе има тензии и јас не сакам таму да се случат воени судири, изјави синоќа Меркел во Дармштад. Меркел додаде дека не сака „да се засилуваат мрачните тонови, но ситуацијата може брзо да се влоши“.

 

Експерти предупредија дека ако Германија ја затвори границата со Австрија, истото ќе го направат и балканските држави низ кои минуваат бегалците.