Дополнување на програмата за приемен испит

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 648 пати
Датум на објава: 06/01/2016

 

Врз основа на член 39 став 1 алинеја 6 од Законот за Академија за судии и јавни обвинители (Службен весник на Република Македонија број 192/2015), Програмскиот совет на Академијата, на седница одржана на 28.12.2015 година, утврди

 

ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ПРИЕМЕН ИСПИТ

 

Програмата за приемен испит во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ за 2014 година со бр. 02-331/4 од 30.06.2014 година во делот на Списокот на стручните  публикации и научни изданија од областа на правото кои ќе бидат основа за подготовка на прашања за приемен испит се дополнува со следните наслови:

 

- „Меѓународно јавно право“, Тупурковски, Фрчкоски, Ортаковски;

- „Облигационо право 1, Договорот и едностраната обврска“, M. Fabr-Manjan, Арс Ламина Скопје, 2011;

- „Облигационо право 2, Граѓанска одговорност и квази договори“, M. Fabr-Manjan, Арс Ламина Скопје, 2011;

- „Право на трговски друштва (Оксфорд)“, Дерек Френч – страна 646-719, 719-759, 260-372;

- „Казнено право – посебен дел 2“, Prof. d-r Johanes Vesels, d-r hon. Kauza Tomas Hilenkamp;

- „Политика“, Ендрју Хејвуд, издадено од Академски печат, Скопје, 2009 година, и тоа: (за темата малцински права) Нациите и национализмот (страна 117-134), (за темата поделба на власта) Субнационална политика (страна 173-191), Судска власт (страна 347-349), Собранија (страна 355 – 377), Политичка егзекутива (страна 379-403). 

 


Извор: Академија за судии и јавни обвинители