Фејсбук се соочува со тужба поради законите на приватност на ЕУ

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 505 пати
Датум на објава: 09/04/2015

 

Фејсбук е тужен од околу 25.000 корисници за наводни прекршувања на европските закони за приватност.

 

Тужбата е поднесена во судот во Виена. 

 

Обвинението и кампањата се водени од страна на Макс Шремс, австриски водач на кампањи за заштита на приватноста и заштита на податоците.

 

Обвинението односно тужбата е фокусирана на начинот на кој Фејсбук собира и пренесува податоци. Тужбата е поднесена против европското седиште на Фејсбук во Даблин, каде што се регистрирани сите сметки и профили надвор од САД и Канада. Фејсбук се уште не коментира за случајот.

 

Во создавање на случајот се вклучени повеќе од 900 корисници од Велика Британија. Во правната постапка тие тврдат дека се прекршени законите за приватност со начинот на кој социјалната мрежа ги следи корисниците кога ја користат опцијата „Like“.

 

Макс Шремс, дипломиран правник, сака да го спречат масовното надгледување односно масовниот надзор од страна на социјалната мрежа. Тој, исто така, наведува дека компанијата соработува со Призма, систем за следење лансиран во 2007 година од страна на американската Национална агенција за безбедност.

 

Случајот вклучува барање за компензација од околу 500 евра по лице. Шремс изјави дека Фејсбк не верува дека случајот е дозволен според австрискиот закон.