Пленарна седница на Европскиот Парламент

Автор: Justicia.mк
Прoчитана: 287 пати
Датум на објава: 10/06/2015

 

Од 8 до 11 јуни, во Европскиот парламент во Стразбур, се одржува пленарна седница, на која, меѓу другото, ќе се дебатира за трансатлантската трговија и инвестициското партнерство со САД, како би се обезбедила најголема слободна трговска зона во светот.

 

Исто така, ќе стане збор за борбата против руската пропаганда и безбедносните закани за Црното Море, за ставот на Унгарија за смртната казна и напредокот во реформите на Турција за 2014 година.

 

На дневен ред ќе се најдат и таканаречените „паметни граници“, потоа Стратегијата за родова еднаквост и Стратегијата за енергетска безбедност на ЕУ, климатските промени, човековите права и демократијата, како и спортот, односно актуелниот ФИФА корупциски скандал.

 

Свое обраќање, во рамките на седницата, ќе има претседателот на Монголија, а ќе се одржи и трибина за кризата во Бурунди.