По заканите од Русија, Белгија почна со деблокирање на руските сметки

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 350 пати
Датум на објава: 22/06/2015

 

Белгискиот министер за надворешни работи Дидије Рејндерс изјави дека Белгија ги одблокирала руските сметки во оваа земја кои претходно беа „забрзнати“ врз основа на една судска одлука, која се однесува некогашната приватна руска нафтена компанија „Јукос“.

 

Во Кина, каде министерот Рејндерс престојува, изјави дека е „најдено решение“ за одблокирање на сметките кои се однесуваат на руската амбасада, а дека другите ќе уследат веднаш потоа.
 
Реакцијата на официјален Брисел доаѓа по острата руска реакција на блокадата на сметките и рускиот државен имот, во која Москва најави дека ќе реагира на ист начин.
 
Во јули минатата година, меѓународен арбитражен суд заклучи дека руските власти „го изманипулирале“ правниот систем и прописите, при банкротството на „Јукос“.
 
Оваа компанија која некогаш беше сопственост на поранешниот руски олигарх Михаил Ходорковски, беше згасната и преземена од една руска државна нафтена компанија, веднаш по неговото осудување за „даночни измами“.
 
Во 2014 година, Арбитражниот суд определи Русија да им плати на поранешните акционери на „Јукос“ вкупно 50 милијарди долари, како компензација за преземањеето и згаснуањето на компанијата.
 
Официјална Москва не ја прифати одлуката на Арбитражата, па водечките акционери побараа од судот „запленување“ на рускиот државен имот.
 
Белгискиот амбасадор во Москва, беше итно повикан во Кремљ каде му било речено дека одлуката за запленување на белгиските власти се смета како „отворен непријателски чин“.
 
Пред Белгија и Франција изврши „замрзнување“ на руските средства во 40 тамошни банки, како и на недвижен имот на француска територија, но засега не се знае дали и Париз извршил „одмрзнување“ на рускиот имот и на средствата во банките.