САД и Куба повторно ќе отворат амбасади во Хавана и Вашингтон

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 440 пати
Датум на објава: 01/07/2015

 

САД и Куба постигнаа спогодба за обновување на дипломатските односи и за повторно отворање на амбасади во Вашингтон и во Хавана, изјави вчера во Вашингтон висок американски владин претставник.

 

Се очекува претседателот на САД Барак Обама и американскиот државен секретар Џон Кери денеска да дадат изјава во врска со ова прашање.

 

САД и Куба во декември лани ги објавија плановите за обновување на дипломатските односи и оттогаш водат преговори за отворање на амбасадите.

 


Извор: CNN