26/01/2016 Советување “Исполнување на солидарни обврски кои произлегуваат од договор за кредит / Регресни побарувања по договорни осигурување со осврт на камата и застареност”

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 618 пати
Датум на објава: 24/01/2016

 

Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев” организира советување на тема “Исполнување на солидарни обврски кои произлегуваат од договор за кредит / Регресни побарувања по договорни осигурување со осврт на камата и застареност”.

 

Советувањето е наменето за судии од граѓанските оддели, судски соработници и адвокати од сите апелациони подрачја, а целта на советувањето е разјаснување на дилемите кои се појавуваат во судската практика во врска со предметните прашања. Предавачи на советувањето ќе бидат судиите на Апелационен суд Скопје г-ѓа Анита Бошковска и г-ѓа Лидија Димчевска.

 

Советувањето ќе се одржи на ден 26 Јануари 2016 година /вторник/ во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители во Скопје, ламела 3 со почеток во 10.00часот.

 

„Сите адвокати кои се заинтересирани да земат учество на ова советување, задолжително да се пријават во Адвокатска комора на Република Македонија на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.“

 


Извор: Адвокатска комора на Р.М.