25-27/05/2016 ОБУКА „Концептот на не-дискриминација за правни практичари“

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 823 пати
Датум на објава: 25/04/2016

 

Адвокатската комора на РМ во соработка со ОБСЕ и Академијата за судии и јавни обвинители од 25 до 27 мај во хотелот Милениум, Битола организира обука на тема  „Концептот на не-дискриминација за правни практичари“ наменета за адвокатите од Апелационото подрачје Битола.

 

Предавачи на обуката ќе бидат  Фатмир Муса – адвокат од Скопје, Хилда Мешкова – судија на Основниот суд Скопје 2 Скопје, Атанас Георгиевски – Адвокатска комора на РМ (ментор) и Жанета Попоска – ОБСЕ (ментор).

 

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават во Адвокатската комора на Република Македонија до 13 мај на е-маил: lawyermk@mba.org.mk.  

 

ПРИЛОГ: ПРОГРАМА