04-06/06/2016 Обука за Адвокати за теми од родово базираното насилство

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 912 пати
Датум на објава: 07/05/2016

 

Балканската регионална мрежа за владеење на правото (БРРЛН) – www.brrln.org, финансирана од УСАИД имплементирана од страна на  Американската адвокатска комора – иницијатива за владеење на правото, Фондацијата партнерство за транспарентност – www.ptfund.org  заедно со Адвокатската комора на РМ , и Hogan Lovells – www.hoganlovells.com – меѓународна адвокатска фирма која е посветена на про-боно работа и ги поддржува женските иницијативи, ќе организираат тридневен тренинг во Охрид од 4-6 јуни за прашања поврзани со родово базираното насилство и ефективно застапување на жртвите на истото.

 

Целта на тренингот ќе бидат адвокати од Македонија, кои имаат интерес да се специјализираат за да застапуваат жртви од родово-базираното насилство и да се здобијат со знаење од меѓународните стандарди  по овие прашања. Обуката ќе биде спроведена од тројца адвокати од Hogan Lovells.

 

Тренингот ќе ги покрие следните области:

  • Родово-базирано насилство и применливите домашни закони
  • Интернационални стандарди
  • Правни лекови во граѓанска постапка
  • Изработка на случај во граѓанска постапка
  • Правни лекови во кривична постапка
  • Изработка на случај во кривична постапка
  • Практична примена на интернационалните стандарди

За повеќе информации за тренингот ве молиме видете го прикачениот документ.

 

„Сакаме да ги охрабриме адвокатите од сите региони на земјата да аплицираат и да се здобијат со шанса да учествуваат во овој тренинг. Адвокатите кои ќе бидат избрани да учествуваат ќе бидат охрабрени да застапуваат случаи про-боно кога се работи за родово-базираното насилство, а листата на учесници ќе бидат доставенa до адвокатската комора за понатамошна дистрибуција и користење за вакви случаи.“

 

Адвокатите кои се заинтересирани да земат учество, задолжително да се пријават на е-маил: lawyermk@mba.org.mk најдоцна до 16 мај (понеделник), со праќање на кратка биографија и мотивационо писмо. Бројот на учесници е ограничен на 15.

 

Доколку имате прашања поврзани со обуката, ве молиме контактирајте ја Американската адвокатска комора – иницијатива за владеење на правото, на следната електронска адреса: intern@abaroli.mk или на телефонскиот број +389 2 3110081.

 

ПРИЛОГ: Градење на капацитети и тренинг за адвокати за случаи кои вклучуваат родово базирано насилство и дискриминација