Работилницата на тема „Управување со правни ризици“

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 624 пати
Датум на објава: 29/09/2016

 

Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје со задоволство Ве повикува да учествувате на работилницата на тема „Управување со правни ризици“, која ќе се одржи во просториите на факултетот, на ден 3.10.2016 година, во 12:30 часот.  Во рамките на работилницата свое предавање ќе има адвокатот Георги Димитров, партнер во адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“.

 

Сите заинтересирани студенти од првиот и вториот циклус правни студии можат да го пријават своето учество на следниов e-mail: dokovski_v@hotmail.com, најдоцна до 30.9.2016 година. Во пораката, Ве замолуваме да гo наведете Вашето име и презиме, како и  годината на студии. Заради ограничениот број на места, изборот на учесници ќе се врши врз основа на редоследот на пријавување.