Пет професии во кои можете да работите со диплома по право

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 5491 пати
Датум на објава: 11/01/2017

 

Правото е веројатно една од најсестраните науки, која нуди многу можности за кариера и успех во различни области. Доколку имате диплома по право, но не сте сигурни во што би се пронашле, постојат повеќе можности за кои имате отворени врати.

 

Некои од нив се:

 

  1. 1. Државна служба

Најчестата алтернатива на правниците е токму државната служба. Од министерства, преку фондови, до агенции, има навистина многу многу можности, па доколку сакате да ги истражите вашите опции, државната служба може да биде добар избор за вас. Всушност, како правници, мошне добро би се прилагодиле во такво опкружување, бидејќи веќе знаете како идеја на политичар се пренесува во нешто кое влијае врз секојдневниот живот на луѓето.

 

  1. 2. Политика

Доколку сметате дека сакате да работите на нешто кое со себе носи поголеми предизвици, можеби треба да размислите за политичка кариера. Дали ќе изберете кариера како претставник да одредена политичка партија, или пак како политички функционер, покрај решавањето на важните државни прашања, ќе учествувате во многу јавни расправи, дебати, интервјуа и јавни говорења, а тоа се предизвици на кои правниците можат да одговорат подобро од било кој друг.

 

  1. 3. Човечки ресурси

Доколку се одлучите за кариера во оваа област, во фокус на вашето работење ќе биде помагање на вработените да бидат среќни на работното место, средување на договори за вработување и доколку дојде до тоа, справување со конфликти. Како и за другите професии наброени во оваа листа, во работата со човечки ресурси - способноста за работа со луѓе, комуникациските вештини и способноста за организација имаат многу големо значење.

 

  1. 4. Претприемништво

Како правник, влегување во светот на бизнисот може да биде одлична можност за вас. Вашите вештини за аналитичко и критичко размислување и одлучноста се токму она што ви треба доколку решите да започнете сопствен бизнис. Покрај тоа, вашето познавање на законите, како и полесното препознавање на замките со кои може да се соочите при водење бизнис ве става во поповлна положба пред другите.

 

  1. 5. Новинарство

Правниците многу често истражуваат и читаат материјал кој неретко е многу сувопарен, и го преточуваат во нешто поразбирливо и поинтересно. Овој процес на читање и парафразирање на материјата, е всушност она со коешто се занимаваат многу новинари. Доколку сакате игри со зборови и пишување, тогаш оваа професија може да биде токму за вас.


Извор: Оксфорд Ројал