Македонија повторно со негативен резултат - 90-то место според Индексот на перцепирана корупција

Автор: Freedom House
Прoчитана: 854 пати
Датум на објава: 25/01/2017

 

Денес се објави Индексот на перцепирана корупција за 2016 година, изготвен од Фридом Хаус. Македонија се наоѓа на 90-тата позиција заедно со Индонезија, Колумбија,Либерија и Мароко.

 

Состојбата во Македонија во однос на корупцијата е влошена во споредба со минатите години. Во 2015 година, Македонија е оценета со 42 поени и го заземаше 66-тото место заедно со Турција и Сао Томе и Принципе.

 

Во споредба со нашите соседи, само Косово е во понеповолна позиција односно го зазема 95-тото место со 36 поени.

 

Во прилог можете да го погледнете Индексот на перцепирана корупција за 2016.