Колкаво е нивото на нееднаквост во Македонија?

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 660 пати
Датум на објава: 13/02/2017

 

Оценката за нееднаквоста во Македонија изнесува 33,7 поени. Со оваа оцена, земјата го зазема 48-то место, пред Иран и Нигерија, а по Израел и Чад. Оваа оцена е добиена во согласност со индикаторите мерени за добивање на Џини коефициентот.

 

Со оглед на тоа дека оценувањето на Џини индексот е од 0 до 100 поени, 0 изнесува совршено ниво на еднаквост, а 100 изнесува ниво на нееднаквост, може да се заклучи дека во Македонија нивото на нееднаквост изнесува 66,3%.

 

Оценката за мерката за нееднаквоста на распределбата на приходите (Џини индекс - 33,7 поени) е потврдена и од Заводот за статистика на Р.М.