Повик за учесник за семинар во Врњачка бања, Србија

Автор:
Прoчитана: 575 пати
Датум на објава: 21/01/2014

Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање (НЕЛ) од Скопје има потреба од еден учесник од Македонија за семинар на тема Inclusive Rights for Social Genders, кој ќе се одржи во Врњачка бања, Србија од 21-ви до 28-ми февруари 2014 година, во рамките на програмата „Млади во Акција“ (Youth in Action) на Европската Комисија.

Храната и сместувањето се целосно покриени од страна на организаторите, како и 70% од патните трошоци. Учесниците мора да се способни да комуницираат на англиски јазик, бидејќи тој е работен јазик на проектот.

Во продолжение прочитајте повеќе детали за проектот, а доколку сте заинтересирани да учествувате на проектот или имате дополнителни прашања, контактирајте не на contact@pel.mk со назнака „Семинар во Врњачка бања“, најдоцна до 1-ви февруари.


Извор: Асоцијација НЕЛ