18/03/2014 АСЈО: СОВЕТУВАЊЕ “Примeнa на Зaконот за меѓународно приватно право во постапки со странски елемент пред редовните судови„

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 703 пати
Датум на објава: 07/03/2014

 

СОВЕТУВАЊЕ

на тема

“Примeнa на Зaконот за меѓународно приватно право во постапки со странски елемент пред редовните судови„

18.03.2014 (вторник) 10:00 часот

Академија  за судии и јавни обвинители

 

Согласно Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители организира советување на тема “Примена на Законот за меѓународно приватно право во постапки со странски елемент пред редовните судови.„ Советувањето е наменето за судиите од граѓанските оддели на судовите од апелационо подрачје Скопје, Гостивар и Штип.

 

Во рамките на советувањето, свои излагања ќе имаат г-ѓа Нада Симјаноска, раководител на одделение во Секторот за меѓународна правна помош при Министерството за правда на РМ и г-ѓа Лидија Димова, судија на Основен суд Велес.

 

За агенда и други информации повелете на следниов официјален линк.

 


Извор: Академија за судии и јавни обвинители