Берлускони ќе го нема на гласачките листови две години - Врховен суд на Италија

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 520 пати
Датум на објава: 19/03/2014

 

Како што пренесува Deutsche Welle, Врховниот Суд на Италија (Corte Suprema di Cassazione) ја потврди пресудата за случајот со Берлускони, со која двегодишната забрана за вршење јавна функција за поранешниот премиер Силвио Берлускони останува на сила.

 

 

Со ваква пресуда 77-годишниот политичар Силвио Берлускони ќе мора да се прости од неговите планови за кандидатура за Европскиот парламент. Во изјавите на неговите адвокати била потенцирана неговата разочараност од оваквиот исход. Берлускони лично ги отфрла обвинувањата и тврди дека бил жртва на политички мотивирани тужители и судии.

 

Силвио Берлускони беше осуден поради затајување на данок и изминатиот ноември беше исклучен од Сенатот, но и покрај сето ова, се уште има влијание во италијанскиот политички живот како шеф на опозициската партија Форца Италија.