Слободен си - Изрази се

Автор: НВО Инфоцентар и Младински образовен форум
Прoчитана: 710 пати
Датум на објава: 25/04/2014

 

НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум (МОФ), преку проектот „Млади промотори на слободата на изразување“ сакаа да ја поттикнат креативноста на младите луѓе, но уште повеќе да ги охрабрат и да ги обучат младите да бидат активни, гласни и видливи во битката за слободата на изразување и заштита на човековите права.

 

Идејата беше едноставна. Да се пронајдат младинците кои имаат желба да учат, да се надградуваат и да се активираат. Подобар начин од самостојното и доброволно пријавување – нема. Затоа, уште на самиот почеток, НВО Инфоцентарот и МОФ, објавија јавен конкурс под мотото „СЛОБОДЕН СИ – ИЗРАЗИ СЕ!“, за сите оние средношколци и студенти кои сакаат да организираат кампањи, да продуцираат мултимедијални содржини и да пишуваат есеи посветени на слободата на изразувањето, борбата против говорот на омраза и заштитата на човековите права. Пријави пристигнуваа секојдневно, а на крајот беа селектирани четирисетина млади луѓе со конкретни идеи за нивен креативен јавен ангажман.

 

Оваа публикација ви ги претставува акциите и производите на учесниците во овој проект, групирани во неколку кампањи: “Изрази се слободно”, “Во Тетово сакам”, “Слобода е”, “Слобода е да немаш предрасуди” и “Тетово – еден град за сите”.

 

Издавачи и автори: НВО Инфоцентар и Младински образовен форум

 

Доколку сте заинтересирани можете да ги погледнете и другите публикации кои можете да ги преземете од Justicia.mk.

 

Проект: “Млади промотори на слободата на изразување“, финансиран од Европската унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР)
 

Публикацијата можете да ја преземете овде.