Известување за почеток на процесот за подготовка на ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ТУТУН И ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ

Автор: Justicia.mk
Прoчитана: 448 пати
Датум на објава: 25/08/2015

 

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ТУТУН И ТУТУНСКИ ПРОИЗВОДИ

 

 

Поради барањата од Сојузот на здруженијата на тутунопроизводители, од регистрираните откупувачи на тутун и научно–образовните институции од областа на тутунското производство, се пристапи кон изменување и дополнување на Законот за тутун и тутунски производи. Главните измени на законот се направија заради усогласување на барањата на тутунопроизводителите и научно-образовните институции за навремено обезбедување на семенскиот материјал (25 март во тековната година), кое повлекува поместување на календарот за пријавено, договорено и откупено производство на тутун. Исто така, се подобрија одредбите кои се однесуваат на процесот на договарање на производството и откупот помеѓу производителот и откупувачот на тутун, условите за упис во регистарот на откупувачи на тутун, инструментот за обезбедување на средства за исплата на договорените количини тутун.

 

Со предложениот текст на предлог на Закон за тутун и тутунски производи се нудат решенија кои ќе овозможат поефикасна примена на законот. Истите се изработени согласно иницијативи од сите чинители во производството, откупот, прометот и контролата на тутунот и тутунските производи. Основни решенија сеЧ -усогласување на поимите и терминологијата со меѓународната терминологија која се користи во областа на тутунското производство, откуп, обработка и пласман -усогласување на барањата на тутунопроизводителите и научно-образовните институции.

 

Временската рамка за изготвување на предлог законот: 21/08/2015 - 31/08/2015

 

Повеќе информации на следниов официјален линк.